СДСМ: Ги слушаме барањата на граѓаните и ги преточуваме во програмски решенија
Караванот „Најдоброто за нашата општина“ и вчера продолжи со маалски средби на партиски функционери во неколку општини низ државата.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски беше на средби со граѓаните од општина Карпош. Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска се сретна со жителите на Штип а организациониот секретар , Мартин Попов беше во посета на Неготино.
Пратениците на СДСМ, Дарко Каевски и Марија Ангелова ги посетија Зелениково, односно Чешиново Облешево, а членот на ИО Петре Шилегов беше на средба со граѓани во скопската општина Чаир.
Членот на ЦО на СДСМ Зоран Китанов беше со граѓаните во Гевгелија, а Никола Бабовски и Милан Живковиќ беа на средби во Ресен, односно Македонски брод.
Пред граѓаните ги презентираме проектите и мерките кои досега ги реализиравме но и ги слушаме нивните барања, ги следиме нивните потреби кои ќе ги преточиме и во конкретни програмски решенија.
Така ја создаваме најдобрата понуда за секоја општина за секој град. СДСМ останува со граѓаните, отчетно, транспарентно и инклузивно.
Граѓаните тоа го препознаваат и затоа даваат поддршка на концептот што води напред, концептот што носи резултати.
Затоа СДСМ и на претстојните локални избори е убедлив фаворит, затоа што го има најдоброто за секоја општина.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи