-->
-->
Санкционирани 172 возачи во Куманово
-->
Во засилени сообраќајни контроли што вчера ги спроведе МВР во Куманово санкционирани се 172 возачи. Само за еден час беа санкционирани 80 возачи.
Изречени се 172 санкции, меѓу кои 28 казни за нерегистрирани возила и 28 за возење без возачка дозвола. Санкционирани се и 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.
Контролите во Куманово беа спроведени на повеќе локации во поширокото централно градско подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива