-->
-->
Самсоненко: Уште бараме тренер, јас не сум тренер
-->
Македонскиот ракометен првак во женска конкуренција Вардар синоќа ја постигна првата победа во Лигата на шампионите сезонава. Совладана беше екипата на Лајпциг (41:24). На прес конференцијата сопственикот на клубот, кој воедно беше и дел од тренерското „трио“ изјави:
- Сакам да им се заблагодарам на девојките за одличниот пристап. Нашата игра беше перфектна, а грешките ситни. Главната заслуга е на Давид Дејвис. Сега треба да мислиме на следниот натпревар. Ние уште бараме нов тренер, јас не сум тренер, само помагам во координацијата.
Со пет голови во противничката мрежа македонската репрезентативка Сара Ристовска беше една од најефикасните кај ЖРК Вардар.
- Бевме мотивирани и одигравме како што се договоривме. Задоволни сме од убедливата победа и очекувам на исто ниво и повиско да одиграме и на следниот натпревар во Русија, истакна Ристовска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид