Самит БиХ-Србија-Хрватска: На регионот му требаат мир и стабилност
Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ и претседателите на Србија и на Хрватска, Александар Вучиќ и Колинда Грабар Китаровиќ денеска имаа заедничка средба во босанскиот град Мостар, која ја оценија како „многу корисна".
На заедничката прес-конференција по средбата, Вучиќ изјави дека регионот има потреба од мир и стабилност и изрази надеж дека ќе продолжат добрите економски односи.
- Важно е да создадеме рамка во која луѓето ќе се чувствуваат сигурно и слободно, ќе имаат повеќе работни места и ќе заработуваат повеќе, рече Вучиќ.
Тој предложи следниот состанок во овој формат да се одржи во српскиот град Нови Сад.
Грабар Китаровиќ на прес-конференцијата изјави дека Хрватска го поддржува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, рамноправноста на трите нејзини главни народи и нејзината европска интеграција.
Таа вети дека Хрватска ќе стори се за да го стимулира процесот на проширување на ЕУ, преку новата стратегија за Западен Балкан.
Изетбеговиќ пак изјави дека сите земји во регионот треба да ја намалат експлозивната реторика и да преземат чекори кон помирување.
Со него се согласи и Иваниќ, кој ја истакна важноста на денешната средба, нагласувајќи дека добрите односи во „триаголникот" доведуваат до добри односи и во самата Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време