Сали: Во вакциналните пунктови имаме 480.000 вакцини
Почнува тренд за пораст на ковид инфицирани лица и затоа Министерството за здравство освен што ќе ја следи ситуацијата, ќе упатува и јавни повици кон јавноста за зголемена внимателност и грижа за здравјето, изјави министерот за здравство Беким Сали.
Министерот Сали предочи дека ако дојде момент за рестриктивни активности, изолација и вакницинирање, Министерството за здравство ќе упатува покани до јавноста за почитување на мерките.
-Во овој момент во државата на располагање имаме 480.000 вакцини со рок на траење до крајот на годината и затоа ги повикувам граѓаните да се обратат во вакционалните пунктови низ државата и да се вакцинираат односно да се здобијат со имунитет. Очекуваме дека со зголеменото движење на граѓаните ќе има забрзано ширење на вирусот, односно тоа што денес се 190 случаи на ковид заразени, можеби за една седмица ќе биде и 1.000 заразени и затоа е потребно секој да се заштити, порача министерот Сали.
Од Министерството за здравство очекуваат граѓаните да ги прифатат сите апели за подигнување на свеста, а во случај на зголемен број на случаи на заразени лица ќе се применат рестриктивни мерки.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури