Сали: Цело време апелираме на вакцинација за да нема товар кон здравствениот систем
Ковидот придонесе за енормни трошоци низ болниците секаде во светот. Знаеме дека поразвиените држави можат да поднесат таков финансиски товар, ние како држава не би можеле да го сториме истото во краток период, меѓутоа работиме на закрепнување на јавните здравствени установи преку Ребалансот на Буџетот од минатата и оваа година се трудиме и работиме да се ублажи тој јавен долг, кажа министерот Беким Сали во Дневникот на Сител.
Министерот за здравство потенцира дека за една година не може да се отстрани јавниот долг на здравствените установи бидејќи станува збор за тековни работи и се уште трае пандемијата.
- Не можеме да кажеме дека една болница не треба веќе да купува скапи лекови или не би требало да инвестира во поправање на општите услови за пружање на третман за пациентите заболени од Ковид. Затоа ние цело време апелираме да се вакцинираме и заштитиме за да немаме товар кон здравствениот систем, кажа Сали.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени