Саеми за туризам, образование и карира
Скопски саем од денеска е домаќин на 6. меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет” и 19. издание на манифестацијата „Денови на образование и кариера“.
На Саемот на туризам „Скопје травел маркет 2016“ се најавени 60 учесници. Ќе бидат претставени туристички дестинации, агенции, туроператори, хотели од општините во Македонија и од регионот, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, компании за производство на хотелска опрема и за софтверска поддршка на туризмот. Организаторот очекува оваа саемска манифестација да ја посетат околу 30.000 луѓе.
На отворањето на саемот се најавени претставници на Министерството за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, Стопанската комора за туризам, Советништвото за култура на Република Турција, од каде се најавени и 50 претставници на хотели и презентации на здравствениот туризам, како и претставници од Иран и од Црна Гора.
Во рамки на Деновите на образование и кариера, пак, високообразовните институции ќе ги претстават можностите за студирање во Македонија и во странство. Првпат ќе учествува и CMEPIUS - Агенција при Министерството за образование на Словенија, која ќе ги претстави своите активности заедно со четири словенечки универзитети - од Љубљана, Марибор, Приморска и Нова Горица. Годинава ќе има претставници и од универзитети од Грција, Чешка, Турција и Бугарија. Ќе бидат застапени и многу програми и проекти на меѓународни организации од областа на образованието и бизнис-секторот.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!