САД загрижени поради извештаите за враќање на руската армија во Сирија
САД се загрижени поради извештаите во кои се наведува дека Русија ја враќа војската и оружјето во Сирија, изјави во Ријад заменикот на американскиот советник за национална безбедност Бен Родерс.
- Би било исклучително лошо Русија да испрати дополнителна воена опрема или војници во Сирија,
Претседателот на САД, Барак Обама изминатите денови изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор, навел дека Русија треба да се фокусира на одржување на прекинот на огнот и спроведување на дипломатско решение на судирот.
Родерс наведе дека прекинот на огнот „вовел одреден степен на примирје во неколку сириски области, што овозможочп доставување на потребната хуманитарна помош“.
Тој посочи дека САД се загрижени поради „кршење на договорот за примирје“ и ја повика Русија да го искористи своето влијание со цел да се обезбеди сириската Влада да ги почитува условите на примирјето.
Ново на Сител
-
МПЦ - ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите
-
Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул
-
Ангелов: Да ги оставиме најблиските за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда
-
Уапсени двајца 18-годишници кои синоќа палеа огномет во градски парк
-
Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија
-
Мартовски Самит на ЕУ: Главни теми конкурентноста, Украина и европската одбрана
-
Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА
-
Погреб на загинатите во пожарот во Кочани