Тенис
19. August 2024 - 8:32

Сабаленка прва финалистка на Мастерсот во Синсинати

Третиот светски рекет, Белорусинката Арина Сабаленка, во полуфиналето во Синсинати ја победи во моментов тенисерката број 1 Ига Швјонтек од Полска со 6:3 и 6:3. 

Резултатот во меѓусебните натпревари сега е 8:4 за Швјонтек.

Белорусинката по трет пат оваа сезона стигна до финале на ВТА 1000. Таа ги загуби двата претходни меча за трофејот токму од Швјонтек.

Сабаленка првпат ќе игра за титулата во Синсинати, САД. Во 2023 година загуби од Каролина Мухова во полуфиналето.

Севкупно, ова ќе биде 29-то финале за Сабаленка. Таа има 14 титули.

Ривалка на Сабаленка во финалето ќе биде победничката од мечот Џесика Пегула (САД) или Пола Бадоса (Шпанија).