Руски археолози пронајдоа англиски средновековен артефакт во Москва
Руски археолози при раскопувањата во паркот „Зарјадје“ во Москва пронајдоа англиски средновековен медалјон од 16 век, со розата на Тудорската династија на него, јави ТАСС.
Медалјонот е четириаголен и е изработен од олово и калај, а неговата ширина е околу пет сантиметри.
- Можно е овој интересен археолошки пронајдок да води трага до старо-англискиот Дворец, здание кое се наоѓа на улицата „Варварка". Тој е во Паркот од 16 век. Во 1556 година кнезот Иван Василевич им дал на Англичаните право на бесцаринска трговија и царински привилегии, раскажува главниот архитект на Москва, Леонид Кондрашев.
За артефактот се претпоставува дека е од периодот меѓу 1509 и 1603 година, а тоа е времето на кралот Хенри Осми и неговата ќерка наследничка, кралицата Елизабета Прва. Се верува дека тој орнамент пред четири столетија се користел како украсно копче.
Медалјонот го содржи натписот „Dieu et mon droit", што во превод од француски значи - „Бог и моето право", а до него стои датумот 1590 година. Таа фраза веќе 700 години е официјалната парола на Англиското Кралство и на Круната. Напишана е на француски, зашто тоа долго време бил јазикот на англиската аристократија.
Розата е хералдички симбол на англиско-велшката кралска династија Тудори, која со Англија владеела од 1485 до 1603. Toj мотив, во вид на црвени и бели рози се наоѓа на монети, накит, медалјони, па дури и на реквизити за игра.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип