-->
-->
Русија најави напади врз оние кои го кршат примирјето во Сирија
-->
Русија ги предупреди САД дека од денеска ќе почне со еднострана примена на сила врз оние кои го кршат примирјето во Сирија, доколку Вашингтон одбие да ја координира со Москва реакцијата во таквите случаи.
Руската војска ги обвини САД дека одолговлекуваат со одговорот на предлозите на Москва за правилата за заедничко следење на примирјето во Сирија и за одговорите на неговото непочитување.
Руската војска тврди дека натамошните одложувања ќе водат до цивилни жртви.
Генерал-поручникот Сергеј Рудској од Генералштабот на руската војска наведе во соопштение дека Русија, почнувајќи од денеска еднострано ќе користи сила против оние кои го кршат примирјето, доколку САД не одговорат на нејзините предлози за заеднички одговор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен