Романскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка
Романскиот министер за внатрешни работи Николае Мога денеска најави дека ќе поднесе оставка по убиството на две тинејџерки што ги налути Романците поради наводно несовесно постапување на полицијата.
Мога по разговорот со премиерката Вјорика Данчила изјави дека се повлекува, само шест дена откако стапи на должност.
Тој истакна дека на неговиот одлука треба да се гледа како на нов почеток за Министерството за внатрешни работи.
Неодамнешното убиство на Александра Макесана (15) предизвика бес кај јавноста бидејќи полицијата право времено не реагирала на нејзините телефонски повици дека е киднапирана.
Полицијата имаше проблеми да ја лоцира девојката, бидејќи користела погрешна технологија, а барала и непотребни налози за претрес, а по 19 часот ја пронашла куќата на мажот кој ја киднапирал.
Исто така е откриено дека истиот маж убил и 18-годишна девојката, која исчезна во април годинава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници