Романот „Дваесет и првиот“ ќе биде објавен на арапски јазик
Романот „Дваесет и првиот“ на Томислав Османли догодина ќе биде објавен на арапски јазик од издавачот „Ал Араби“ од Каиро, чиј директор Шериф Бакр потпиша договор со нашиот автор за публикување на неговиот награден роман на арапски.
Романот, во првичен тираж од 1000 примероци, би требало да се појави од печат најдоцна до средината на 2017 година. Покрај печатеното издание, „Дваесет и првиот“ ќе биде објавен и во вид на електронска книга.
Издавачката куќа „Ал Араби“ ќе се погрижи за дистрибуција на арапскиот превод на овој македонски роман на светскиот книжевен простор.
Овој роман на Томислав Османли неодамна се појави во превод и на руски јазикк, а претходно беше објавен и во Хрватска, Црна Гора и Србија. За минатогодишниот Саем на книгата во Солун „Дваесет и првиот“ имаше и интернационално издание на англиски јазик кое го овозможи македонскиот издавач „Магор“. Авторот Османли потпиша договор и со издавачката куќа „Персеј“ од Софија за превод на бугарски јазик.
Во 2010 година „Дваесет и првиот“ ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и беше македонски кандидат за наградата „Балканика“.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија