Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ загуби 4 милиони поради поддршка на Палестинците
Легендарниот член на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс наводно се соочува во големи проблеми, поради повикот за бојкот на Израел.
Вотерс планира најголема и најскапа турнеја досега, но поради неговите политички ставови ја ззгуби поддршката на „Американ Експрес“, кој одлучи да му скрати спонзорство од четири милиони долари, пишува „Пејџ Сикс“.
Компанијата „Американ Експрес“ го спонзорира фестивалот „Олдчела“ каде Вотерс настапи со многу други рок легенди. Во текот на концертот тој објави неколку фотографии против Доналд Трамп нарекѕвајќи го „арогантен, лажго, сексист, расист“, но повика и на солидарност со студентите, кои се борат за правата на Палестинците.
Тој ги повика присутните да го поддржат контроверзниот студентско движење БДС, кое се залага за бојкот и санкции кон Израел, додека не се реши палестинското прашање.
Извор од „Американ Експрес“ за „Пејџ Сикс“ изјави дека Роџер за својата голема турнеја од компанијата побарал спонзорствао од четири милиони долари. - Ние се откажавме од тоа, затоа што не сакаме да бидеме дел од антиизраелската реторика, додаде изворотод компанијата.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер