Ракомет
20. August 2016 - 13:59

Рио 2016: Драматични полуфинални дуели кај ракометарите

Француската ракометна репрезентација ќе има можност да го барни златниот медал на Олимписките игри.

Во полуфиналето Французите го победија европскиот првак Германија со 29:28. Триумфот на „триколорите“ им го донесе Даниел Нарсис со гол на три секунди пред крајот.

Франција во финалето ќе игра со Данска која ноќеска дури по продолженија ја совлада Полска со 29:28. Полска се избори со гол во последните секунди за продолжение.