Рикер: Србија и Косово да продолжат со дијалог, САД подготвени да се вклучат
САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави вршителот на должност заменик државен секретар на САД задолжен за Европа и Евроазија, Филип Рикер.
Тој за „Глас на Америка“ истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.
– Ние блиску соработуваме со партнерите на ЕУ. Јас бев вклучен во раната фаза на дијалогот, кој се водеше согласно Бриселскиот договор, за кој сметам дека направи голема разлика во функционирањето на животите, воспоставувањето темпо и намалување на тензиите во регионот во изминатите пет години, нагласи Рикер.
Моментно највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека двете страни имаат волја за наоѓање решение, со што ќе придонесат за стабилност и просперитет на Западен Балкан.
Американскиот дипломат како модел за решавање на прашањата во регионот, „кои со векови не можеле да се решат“, ги наведе лидерите на Грција и на Северна Македонија, Алексис Ципрас, сега веќе поранешен премиер, и Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови