Ракомет
16. March 2025 - 14:50

РФМ побарало одложување на натпреварот со Словенија но не е одобрено, ќе започне со минута молк

Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено, соопшти РФМ.

Натпреварот ќе започне со минута молк.

Претходно РФМ, поради огромната трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории.

-Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата.

Упатуваме искрено сочувство! – објави Ракометната федерација на Македонија.

Почетокот на натпреварот Словенија – Македонија е закажан за 18:30 часот вечер во Копер.