Македонија
8. November 2019 - 14:30

Реновирано живеалиштето за кенгури во скопската зоолошка

Живеалиштето за кенгурите, реонот попознат како „Австралија“ во Зоолошката градина во Скопје доби нов изглед.

Како што соопштуваат од скопската зоолошка, живеалиштето за кенгурите доби нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и пропратни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца.

Реновирањето на живеалиштето е со донација од општествено одговорната компанија „Подравка“.