Реконструкција на повеќе улици во Инџиково
Во населеното место Инџиково во тек е реконструкција и асфалтирање на повеќе улици како дел од големиот проект за реконструкција на оштетената инфраструктура од поплавите од минатата година. Денеска увид во градежните активности извршија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.
- Во моментов во финална фаза на реконструкција на неколку улици во Инџиково. Главната улица е со широчина од 5,5 метри, а покрај нов коловоз се гради и тротоар од едната страна. Покрај главната улица, во фаза на асфалтирање се и три споредни улици, кои се со широчина од 3,5 метри. Вкупната должина на улиците кои во моментов се реконструираат во Инџиково изнесува 1.600 метри, изведувач е фирма Бауер БГ Скопје, а за оваа намена се издвоени 18 милиони денари, изјави градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Трајковски,пак, посочи дека најголемиот дел од улиците кои беа оштетени со големите поплави минатата година се завршени или се во завршна фаза и додаде дека ангажираните фирми и ЈП „Улици и патишта“ интензивно работат на нивно завршување.
Градот Скопје, со Одлука на Советот на Град Скопје, минатата година додели 150 милиони денари, или 2,5 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска