Македонија
14. April 2016 - 15:36

Реконструирани детските игралишта во Карпош 4

Целосно се реконструрани сите детски игралишта во населбата Карпош 4, од кои три големи оградени игралишта и десетина отворени простори за игра и забава на најмалите жители. 

Во наредните дена ќе продолжи обновата на реквизити за игра на игралиштата во Тафталиџе, Козле и Карпош 3.

Општина Карпош информира дека целта е до крајот на мај да бидат обновени 70 детски игралишта на подрачјето на цела локална самоуправа.

Локалната власт апелира до своите сограѓани за поголемо внимание и грижа за игралиштата и детските реквизити.