Рејнолдс: Грција може да го дестабилиизра Балканот
Шефот на белгиската дипломатија, Дидие Рејнолдс, денеска предупреди дека кризата во Грција може да предизвика негативни последици на целиот Балкан и да го дестабилизира регионот.
- Се плашам дека ќе има геополитички последици за регионот, рече Рејнолдс за телевизијата РТЛ, потсетувајќи дека Грција е еден од главните инвеститори на Балканот.
- Последици може да има не само за земји, како Македонија или Црна Гора, туку и за Бугарија, доколку се имаат предвид проблемите со стабилноста во таа зона, рече министерот.
Тој додаде дека не верува оти евентуално излегување на Грција од еврозоната ќе доведе до дестабилизација на Европа, но изрази стравување дека во тој случај последиците ќе ги почуствуваат сите европски економии.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Париз ќе разговараат за последиците од резултатот на грчкиот референдум, на кој убедливо мнозинство гласачи се изјасни против мерките за штедење кои им ги наметнаа доверителите.
Истовремено, денеска се очекува и одлуката на Европската централна банка дали ќе продолжи со итната финансиска помош за Грција, во која владее тежок недостиг од готови пари, а експертите предупредуваат дека одлуката за прекин на помошта, де факто, ќе доведе до излез на Грција од еврозоната.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово