Регистрирани 26 нови случаи на коронавирус, еден починат и девет пациенти излекувани
Изутрината се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно 285 дијагностицирани пациенти. Почина еден пациент, а девет пациенти се излекувани и испишани од болничко лекување, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март, напиша Филипче.
Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани девет пациенти (осум од Дебар и еден од Скопје) кои на два контролни теста на КОВИД-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.
-Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12:00 часот изнесува 285 лица, напиша министерот Филипче на ФБ.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости