Редовен октомвриски самит на лидерите од ЕУ
Лидерите на ЕУ 27 денеска и утре ќе одржат во Брисел редовен октомвриски самит на кој ќе разговараат за зголемувањето на цените на енергенсите, забрзување на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеење на правото во Полска, односи со ЕУ со партнерите во источното соседство, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена и политиката за миграција и азил.
Во пресрет на овој самит во Брисел, тие најавуваат дека ќе биде 107. и веројатно последен самит на кој канцеларката Ангела Меркел ќе ја претставува Германија.
Самитот на лидерите на ЕУ почнува денеска во 15 часот со работна сесија посветена на актуелното поскапување на енергенсите, што е предизвик за постпандемиското закрепнување и сериозно ги погодува европските граѓани и компании.
„Ќе разгледаме што може да се направи на ниво на ЕУ и на национално ниво, и во однос на краткорочното олеснување за најранливите и среднорочните и долгорочните мерки“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во писмото со покана до лидерите на ЕУ, Мишел посочи дека пандемијата Ковид-19 „се уште не е завршена и дека бројките се зголемуваат во неколку земји-членки“.
Октомврискиот самит на ЕУ завршува утре со дискусија за европската дигитална трансформација, што, според Европскиот совет, е клучен двигател на економскиот раст, создавањето работни места и конкурентноста.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата
-
Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-
Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации
-
Си и Путин објавија заедничка изјава во која ги нападнаа САД
-
Трамп именува водителка на Фокс Њуз за привремена главна обвинителка на Вашингтон
-
Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува
-
Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија
-
ЕУ амбасадорот во Белград: ЕУ ја сака Србија, но бараме реформи