Македонија
5. April 2024 - 12:17

Рециклирање на електричен отпад во Карбинци

Малата рурална општина Карбинци започнува со собирање и рециклирање на електричен отпад. Поголем сад или собирен центар беше поставен пред општинската зграда, а помали контејнери се поставуваат во сите подрачни училишта на територија на општината, во подплачковичкиот и плачковичкиот регион. На ваков начин ќе започне селекцијата на отпад и користење на придобивките од истиот.

- Очекувам со ваквите активности да се подигне свеста на населението на повисоко ниво во однос на оваа селекција, а општина Карбинци заенос о ЈП „Плачковица ќе продолжи и понатаму да инвестира и се унапредува во делот на селекцијата на отпад- изјави Виктор  Паунов, градоначалник на Карбинци

Во периодот што следува, жителите со сметките за комунални услуги ќе добијат и флаери со едукативна содржина, за да се запознаат со начинот на користење и складирање на електричниот отпад. 

- Информативен леток во кој ќе бидат дадени насоки, кој отпад се смета за електричен, каде треба да го депонираат, на кој начин ќе се врши собирањето на тој габаритен потпад кој ќе биде носен во самиот собирен центар кој го поставуваме– изјави Елена Коцева, директорка на ЈП „Плачковица“- Карбинци.

Бенефитот за општината е помалку диви депонии, почиста животна средина,  а од рециклираните апарати може да остварат и финансиска корист.