Реакции на смртта на Лиу Сјаобо
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази сочувство поради смртта на кинескиот дисидент Луи Сјаобо, кој денеска во 61. година почина од рак.
- Тажна сум поради смртта на Луи Сјаобо, храбриот заштитник на човековите права и на слободата на говорот, изјави Меркел и изрази сочувство до неговото семејство.
Германската Влада вчера го повика Пекинг да му дозволи на Лиу Сјаобо да ја напушти земјата и изрази подготврност да го прими.
Барањето на Сјаобо да се лекува во странство беше поддржано од меѓународната заедница, но отфрлено од Кина, која го го оцени како мешање во внатрешните работи.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изрази сочувство поради смртта на кинескиот активист и нагласи дека добитникот на Нобеловата награда за мир починал, додека ја отслужувал затворската казна за поддршка на мирни демократски реформи.
- Ја повикувам кинеската Влада да ја ослободи неговата сопруга од домашен притвор и да и овозможи да ја напушти Кина во согласност со нејзината желба, додаде Тилерсон.
Таков повик упати и германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.
Амбасадорот на САД во Кина, Тери Бранстад, пак, го повика Пекинг да ги ослободи сите политички затвореници.
- И покрај долгиот период на затворање, во траење од над 30 години тој не прекина храбро да ги заштитува главните човекови права и слободата на говорот, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дриан.
- Човековите права се приоритет на француската дипломатија во светот и затоа тој проблем е дел од нашиот дијалог со Кина, додаде тој.
Ново на Сител
-
Човечко тело пронајдено во Вардар
-
Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат
-
По три години, од 3 мај летови Скопје Барселона, стартува и авиолинијата за Лион
-
МЕРМС: Двојно поголема наплата, рекордни 247 милиони денари за три месеци
-
Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце
-
Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
-
Вработени во РТС поднесоа петиција а РЕМ до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите
-
Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром