Ратко Младиќ има тешко оштетување на мозокот, тврди неговиот адвокат

Руските лекари се уште не доставиле извештај за здравствената состојба на Ратко Младиќ, но неговиот адвокат Бранко Лукиќ тврди дека станува збор за тешко оштетување на мозокот по трите мозочни удари кои ги преживеал додека бил во бегство.
- Лекарите во Кралската болница Броново утврдиле дека на Младиќ повеќе од 50 отсто од мозокот не му е во функција, бидејќи постои калцификација. Тие не прецизираат колкаво е оштетувањето, истакна Лукиќ, кој ја предводи одбраната на Младиќ.
На поранешниот командант на војската на Република Српска му е одземена целата десна страна од телото, има проблем со крвниот притисок, комуникацијата со него е тешка, а неговите адвокати имаат проблем кога се обидуваат да разговараат со него за судскиот процес пред Хашкиот трибунал.
Младиќ сам наметнува теми за разговор и тоа најчесто се случувања од пред 30 или 40 години или од блиско минато. Тој не се сеќава на настани пред 10 или 20 години, а посебен проблем се разговорите за воените случувања во текот на 90-тите години од минатиот век.
Ново на Сител
-

Русија соопшти дека ноќеска соборила 65 украински дронови
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
-

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Крушево, за викендот нови врнежи
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн
-

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина
-

Украина, Блискиот Исток, Сахел и Судан главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
