Ратификации на договори и спогодби и едно задолжување денеска пред пратениците
Покрај измените и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратениците денеска на пленарна седница треба да разгледаат четири ратификации на договори и спогодби, едно задолжување и испраќање на војници во меѓународни мисии.
Народните избраници, меѓу другото, треба да ја разгледаат ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за соработка во борбата против криминалот како и за ратификација на Договорот со Владата на Република Србија за соработка во областа на борбата против криумчарење мигранти и за ратификација на Спогодбата за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во двете држави.
Пред пратениците е и Предлог законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка.
На седницата на дневен ред е и предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на ОН „УНИФИЛ“ во Либан и за испраќање припадник на Армијаа за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот