Раст на бројот на работници во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во август годинава во однос на август лани бележи раст од 5,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5,7 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,7 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај интермедијарните производи, освен енергија за 8,3 отсто, капитални производи за 21,5 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и кај енергија за 0,4 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - август 2018 година, во однос на периодот јануари - август 2017 година, бележи раст од 7,2 отсто.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил