Работници од Пенсилванија условени да се појават на митинг на Трамп или да не добијат плата

Вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија каде неделава претседателот Доналд Трамп одржа говор, им било кажано дека ако не присуствуваат на настанот нема да добијат плата.
Телевизијата „Си-Ен-Ен“, добила интерен меморандум во кој се вели дека оние кои не присуствуваат на говорот на Трамп не смеат да протестираат. На говорот што се одржа во вторникот и кој требаше да биде поврзан со развојот на регионот, бидејќи патувањето на претседателот беше финансиранот од државата, тој настапи како да е на кампања и изјави дека ако синдикатите гласаат за него на изборите во 2020 година, тој ќе се погрижи нивните лидери да бидат повторни избрани.
-Вашетo присуство не е задолжително. Ако не присуствувате треба да земете слободен ден. Оние кои (не зеле слободен ден и) не присуствуваат нема да бидат платени во петок, се вели во меморандумот што работниците го примиле неколку денови пред говорот на Трамп.
Новиот комплекс е на нафтената компанија „Шел“ и наскоро се отвара за да произведува пластика од вторични суровини добиени од производство на природен гас од шкрилци.
Админстрацијата на Трамп сестрано го поддржува развојот на нафтената индустрија на САД, занемарувајќи ги плановите на демократите за користење и развој на обновливи извори на енергија.
Ново на Сител
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип