Loading Video...
Кошарка
22. September 2020 - 15:43
Работнички го пријави првиот Ковид-19 случај во мак-баскетот
Откако во неколку ракометни македонски клубови беа пријавени првите случаи на Ковид-19, а вчера тоа се случи и со дел од девојките од женската македонска фудбалска репрезентација, денеска го имаме и првиот случај во мак_баскетот.
Американецот Демиер Питс е позитивен на Корона вирусот, соопштија денеска од КК Работнички.
По направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички, потврдено е дека Питис е позитивен, додека тестовите кај сите останати останатите играчи се негативни. Американецот останува во изолација, информираат меѓу другото од тимот од „Градски парк“.
Деновиве се очекува тестирање и во екипите на Куманово и ТФТ кои изминатиот период одиграат контролни натпревари против Работнички.
Појавата на првиот случај на позитивен на Ковид-19 во мак-баскетот, е на само 11 денови пред почетокот на новата сезона закажана за 3 октомври.
Останува да се почекаат тестирањата, по што ќе биде познато дали Првата лига ќе може стартува во предвидениот рок или ќе треба да се пролонгира.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->