Првите луѓе на руската и американската армија телефонски разговараа за тензиите околу Украина
Началникот на Генералштабот на руската војска и началникот на Здружениот штаб на американските вооружени сили генералите Валери Герасимов ио марк Мили вчера имале телефонски разговор за тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина, соопштија Москва и Вашингтон,
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека генералот Герасимов разговарал со американскиот колега Мили за прашањата на „меѓународната безбедност“, без да даде други детали.
Пентагон, во меѓувреме, соопшти дека двајцата највисоки воени претставници разговарале за „намалувањето на ризиците“.
Герасимов и Мили во септември имаа средба во Финска, кога, како што наведе официјална Москва, разговарале за спречување воени инциденти меѓу двата геополитички ривали.
Деновиве САД, НАТО и Европската унија постојано изразуваат загриженост за движењето на руските сили во соседството на Украина, каде на истокот на оваа земја од 2014 година се води конфликт меѓу Киев и проруските сепаратисти.
Москва постојано нагласува дека не сака војна, префрлајќи ја одговорноста за тензиите на Западот од кој Киев сака да купи повеќе „одбранбено“ оружје.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера го обвини Вашингтон дека од неодамна спроведува опасни воздушни воени вежби.
Тој истакна дека „во американската вежба „Global Thunder“, десет американски стратешки бомбардери се обучувани да користат нуклеарно оружје против Русија од исток и од запад“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Ново на Сител
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро
-

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
-

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем
-

Трчањето во зима е корисно
