-->
-->
Прва победа на РК Еурофарм Пелистер во ракометната Лига Европа
-->
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во ракометната Лига Европа откако вечерва во Битола го совладаа Тримо Требње со 33:26 (20:14).
Македонскиот претставник одигра одличен натпревар со постојано водство кое кон крајот на средбата се движеше од 7 до 8 голови, а тоа пак овозможи битолчани да презентираат и атрактивни гол акции.
Најефикасен на средбата беше хрватскиот интернационалец Мандалиниќ кој за РК Еурофарм Пелистер постигна 11 голови или една третина од вкупниот број голови на домашниот тим, додека пак кај гостите се истакна Рашо со 7 постигнати голови.
Во рамки на групата „Д“ вечерва се одигра уште една меѓународна средба. Во Унгарија домашниот тим Татабања беше совладан од Гог со 35:32.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар