Прва МФЛ: Градско дерби на Филип Втори
Време за одмор за прволигашите нема бидејќи денеска на програмата е триесеттото коло. Градското дерби на Филип Втори помеѓу Вардар и Работнички ќе ја запре агонијата на црвено-црните или пак ќе означи нова победа во серијата на романтичарите по доаѓањето на Ѓоре Јовановски. Овој меч стартува во 15ч.
Академија Пандев освои големи бодови на гостувањето кај Скопје со што најави дека не се откажува од 4. Позиција на табелата и европските амбиции.
Голем чекор кон Европа направи Силекс со победата против Ренова но овој успех ќе треба да се потврди во Битола каде Пелистер очајнички ќе бара бодови за опстанок по убедливиот пораз на Филип Втори од Работнички.
Ренова по поразот во Кратово падна на 6. Место но реално постојат шанси да се продолжи битката за европските позиции. За тоа е потребна победа против хитот на пролетта ФК Скопје, екипа која грчевито се бори за опстанок и е под притисок по неочекуваниот пораз од Академија Пандев.
Победа освои голема победа против Вардар и се надева на ново изненадување и спасоносни бодови против новиот ш
ампион Шкендија кој веќе може да размислува за Лигата на шампионите.
Важно коло за речиси сите прволигаши кое се игра денеска со почеток во 16 часот.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид