Прв самит Бајден-Путин во Женева
Првата тет-а-тет средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден по стапувањето на функцијата и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири до пет часа, па и повеќе, а меѓу темите за кои ќе се разговара се контролата на оружјето, кибер нападите и мешањето во изборите.
Меѓутоа, на средбата нема да има заеднички ручек, а рускиот и американскиот претседател ќе одржат и одделни прес-конференции, што е знак на затегнатите меѓусебни односи.
-Нема да има кршење леб, им соопшти на новинарите висок американски функционер додека Бајден слетуваше во Женева на разговорите што денеска треба да почнат околу 13 часот во вилата „Ла Гранж“, елегантна сива палата опкружена со парк од 30 хектари, изградена во 18-от век.
Путин на самитот пристигнува прв, а тој и Бајден прво ќе се сретнат со швајцарскиот претседател Гај Пармелин. Потоа, рускиот и американскиот претседател ќе разговараат во библиотеката каде се чуваат стари книги на кинески, француски, персиски и турски јазик.
Меѓу илјадниците книги во вилата е и книгата на Чарлс Пикет де Рошемонт, дипломат кој ја подготви Швајцарската декларација за трајна неутралност – дополнителната причина за изборот на Женева како место за одржување на самитот.
Со Бајден на средбата ќе присуствува и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, додека Путин ќе го придружува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Самитот во мирниот швајцарски град ќе го обезбедуваат меѓу три и 3,5 илјади полицајци.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата