„Прото тема“: Грците под власта на СИРИЗА за две години загубиле 13 милијарди евра
Во двете години владеење на коалицијата СИРИЗА-Незвисни Грци, граѓаните во оваа земја претрпеле загуби во износ од 13 милијарди евра , а за тоа време примањата на секој даночен обврзник во земјата опаднале просечно по две илјади евра, тврди весникот „Прото тема“.
Весникот смета дека експериментот со првата левичарска влада во Грција се покажал катастрофален за економијата и општеството, кое забелжливо се вратило назад во споредба со напорите и резултатите постигнати во 2014 година, односно пред доаѓањето на партијата СИРИЗА на власт.
Неколку месеци пред левицата да го преземе кормилото се чинеше дека го достигнавме дното и дека се регистрираа напори за да се отргнеме од него, но продолжи ограбувањето на примањата и тоа ги засегна средните и сиромашните социјални слоеви на населението.
Новите даноци, кастрењето на пензиите и платите на повеќето вработени, доведоа до нов пад на доходите, пишува уште весникот, подвлекувајќи дека во текот на 2016 година 37,4 отсто од Грците биле доведени до прагот на сиромаштијата, додека овој процент во 2014 година изнесувал 21,4 отсто.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат