Македонија
29. March 2023 - 21:16

Протести во Битола и Скопје поради смртта на шестгодишната Јана од Битола

Правда за Јана, поддршка за родителите! Со вакви транспаренти граѓаните од Битола и Скопје излегоа на протест да го искажат својот револт за прераната смрт на 6 годишната Јана. Незадоволни како  функционира здравствениот систем во државата, бараат  брзи одговори од надлежните.

Велат дека ова не е линч против лекарите, веруваат во институциите на системот, но велат дека неопходни се реформи во здравство.

Резултатите од вонредниот инспекциски надзор, како и од обдукцијата се уште не се готови  Врз основа на нив, обвинителството ќе донесе одлука. Според премиерот, здравствениот систем во државата функционира, има доволно кадар, но треба праволно да се распореди

Јана Христовска почина пред една недела во Клиничката болница во Битола, со симптоми на настника. Откако и била дадена инфузија, состојбата и се влоши, по што девојчето падна во кома и почина. Дали постои  лекарска грешка или причината за смрта е друга, ќе одлучи  обнинителството откако ќе ја обезбеди целокупната докуменатција и обдукцискиот наод.