Протести низ американските градови против изборот на Трамп за претседател
Откако беа објавени резултатите од претседателските избори, на кои победата ја однесе репубиканецот Доналд Трамп, на демонстрации по улиците на повеќе градови од западните американски сојузни држави излезе многубројно глевно население, пренесе ДПА.
„Тоа не е мојот претседател!" скандираа студентите и другите опоненти на новиот претседател, кои учествуваа во повеќеилјадните протестни маршеви низ Лос Анџелес, Сан Диего, Окланд, Портланд и други градови.
Снимки од протестите, закачени на Интернет, ги покажуваат демонстрантите како палат свеќи и факли. На една од нив се гледа како се пали и гори американското знамето.
-Не можам да разберам како нашата земја може да гласа за овој ужасен човек, коментира учесник на протестот во Лос Анџелес.
Поп иконата Лејди Гага, жесток поддржувач на Хилари Клинтон, која за неа ја водеше кампањата и учествуваше во нејзиниот последен предизборен митинг, во Њујорк протестираше пред кулата Трамп.Таа на Инстаграм закачи своја слика, која покажува како исправено стои врз камион со смет и го држи транспарентот „Љубовта ќе надвладе над омразата на Трамп“. Тоа беше една од предизборните пароли на кампанњата на Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците