Промоција на Прирачник за правна самопомош и активизам во областа на животна средина
Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. денеска ќе го промовираат Прирачникот за правна самопомош и активизам во областа на животна средина, во рамки на проектот Power to the People, финансиски поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел.
Преку говорите на Гоце Коцевски, од Македонско здружение на млади правници и Благоја Пандовски, адвокат, на присутните на промоцијата ќе им се понуди едноставен патоказ низ навидум бескрајните и темни институционални лавиринти, ќе се охрабрат да делуваат, дури и индивидуално.
– Секој од нас има огромна моќ, а македонскиот устав и законите ги гарантираат сите наши права. Сѐ што треба е да бидеме искрени, истрајни, добро да си ги знаеме правата и секако, несебично да работиме за општо добро, порачуваат од Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н..
Како што е најавено, на промоцијата ќе може да се чујат инспиративни говори на активисти, како на пример Владимир Трајановски – Охрид ЅОЅ, Горјан Јовановски – автор на апликацијата „Мој воздух“, Иво Босилков – основач на Fridays for Future Скопје, Лазар Ѓуров, Божидар Јововиќ.
– Целта на политичките елити им е да ве направат беспомошни и зависни од нив, да ве закотват во пасивност во која вие сте убедени дека не можете да постигнете ништо. А тоа не е вистина!Солидарноста, сплотеноста и искрената намера за подобро општество се рецептот за излегување од маѓепсаниот круг во кој сме заглавени со децении. Секој од нас има моќ да менува, дојдете, придружете ни се и бидете дел од позитивната промена на македонското општество, стои во најавата од Активисти на граѓанска иницијатива Охрид ЅОS и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
Ново на Сител
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
-
Трамп го предупредува Иран да се согласи на нуклеарен договор пред „уште побрутални“ напади
-
Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба
-
Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!