Македонија
12. April 2025 - 7:57

Променливо облачно со повремен дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд.