„Пролет во ноември“ - концерт на Филхармонијата со пијанистот Џорџ Ли

„Пролет во ноември“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија на кој како солист ќе настапи американскиот пијанист Џорџ Ли, кој минатата година ја доби втората награда на престижниот Меѓународен натпревар „Чајковски“. Тој е и победник на 14. Интернационален конкурс „Анимато“ во Париз и добитник на третата награда на „Шопен“.
- Џорџ Ли се смета за еден од најталентираните и најкреативните млади пијанисти во светот. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија тој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во Ц-дур од Лудвиг ван Бетовен кој се смета за едно од омилените дела од овој музички гениј кај изведувачите, соопшти Македонската филхармонија.
Концертот ќе го води американскиот диригент Кејс Скалионе кој, како што посочува критиката, постојано ги импресионира оркестрите од целиот свет со „сензитивни и внимателни изведби на музичките дела“.
На програмата на концертот „Пролет во ноември“ ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 во Б-дур наречена „Пролетна“ од германскиот композитор Роберт Шуман.
Ново на Сител
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
-

Уапсено лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот
-

Мицкоски од Кочани: Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред
-

Значително поскапување на горивата – РКЕ ги објави новите цени
-

Телефонски разговор Муцунски - Хоџа
-

Следните денови врнежи од дожд и посвежо
-

Комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“: Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас
-

Преживеан од трагедијата во „Пулс“: „10 дена кома и месец борба, животот е кревок, секој ден е подарок“
