Продуктивноста на трудот во Македонија намалена, ССК бара поголема соработка со странските компании
Домашните компании да соработуваат со странските, особено со оние кои користат повисоки технологии, што ќе им овозможи зголемување на нивната конкурентност и продуктивност, апелираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.
Според потпретседателот на Сојузот на стопански комори Александар Милошевски, соработката со странските компании носи низа бенефити како што се новите технологии кои можат да ги искористат микро, малите и средни претпријатија кои имаат лимитирани извори на инвестиции.
- Влезот на странските инвестиции може да биде поголем за македонското стопанство ако при нивното работење во државата се инсистира на поголемо вклучување и соработка со македонските компании, рече Милошевски на денешната средба на Управниот одбор на ССК со министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Од Владата најавуваат дека ќе продолжи проактивниот однос со бизнис секторот и финансиската поддршка како за странските, така и за домашните компании. Како позитивен сигнал се оценува и поканата за членство во НАТО и започнатите преговори со ЕУ со кои Македонија добива економска стабилност и се очекува експанзија на инвестициите.
- Бугарија ги триплицираше инвестициите, а Албанија го има удвоено инвестирањето по влезот во НАТО. Ваквите процеси и економски ефекти се манифестираа и во Чешка, Естонија и други земји кои влегоа во семејството на ЕУ, посочи Апостолска.
Во однос на продуктивноста на трудот податоците за Македонија покажуваат дека таа е е меѓу најнепродуктивните држави. Според последните податоци на Народна банка на Република Македонија, продуктивноста на трудот е намалена за 2,1 процент за една година.
Податоците на „Еуростат“ укажуваат дека еден работник за еден час во Македонија создава само 42,9 проценти додадена вредност од просекот што го прават работниците на ниво на Европската унија.
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари