Продолжува судењето за „Организаторите на 27 април”
– Судењето за „Организаторите на 27 април” денеска со ново рочиште продолжува во Кривичниот суд Скопје. На претходното рочиште за овој предмет кој е во доказна постапка сведочеше поранешниот републички јавен обвинител Марко Зверлевки, по предлог на одбраната на обвинетиот Владимир Атанасовски, поранешен директор на УБК.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Според обвинителниот акт за овој предмет тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање