Продолжува собраниската расправа по ребалансот на Буџетот
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по ребалансот на Буџетот за 2017 година предложен од Владата.
Расправата почна во понеделникот кога министерот за финансии го образложи предложениот ребаланс. Во текот на досегашната расправа пратениците од мнозинството дадоа поддршка, додека опозицијата оцени дека ребалансот е антиреформски и дека се кратат средства за капитални инвестиции на сметка на партиски вработувања.
Основната цел на ребалансот, како што образложи министерот Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата Влада.
Вкупните приходи во првите шест месеци се 86,4 милијарди денари што е 46 отсто во однос на планираното, а расходите се 94,6 милијарди денари. Кај расходната страна има сериозно намалување во делот за стоки и услуги кои се скратени за 2 милијарди денари во однос на иницијалната проекција.
Со ребалансот планирани се 23,4 милијарди денари за капитални расходи, а поради ниската реализација во првата половина од годината извршено е намалување кај проектите кои имаат забавена динамика на реализација.
Растот на економијата е ревидиран на 2,2 проценти за годинава, а буџетскиот дефицит е проектиран на 2,9 проценти од БДП.
Расправата по ребалансот на Буџетот, согласно Деловникот на Собранието, може да трае до 10 работни денови. Досега поднесени се над 700 амандмани.
Ново на Сител
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре