Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе го одржи второто продолжение на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2015 година.
Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, причина за ребалансот на Буџетот за 2015 година се остварените повисоки приходи кои со ребалансот се преточуваат на расходната страна за политики, мерки, активности и проекти кои беа најавени.
Појасни дека нема да има кратење кај ниту еден буџетски корисник, туку со ребалансот ќе се интензивира реализацијата на повеќе проекти, меѓу кои гасификацијата, изградбата на водоводи и канализации, изградба и реконструкции на училишта и слично.
Со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат и дополнителни средства за мерките и политиките во делот на социјалната заштита на населението, особено за ранливите категории.
Вицепремиерот Ставрески очекува предвидените проекции во ребалансот да ја одиграаат својата улога и да обезбеди развојна компонента и да ги заштита сите социјални категории.
Според деловникот на Собранието, расправата во ова матично тело треба да заврши за 10 работни денови, по што ќе биде проследен на пленарна седница.
Ново на Сител
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид