Македонија
15. December 2020 - 12:14

Приведена жителка на Марена поради насилно одземање на златни обетки од ушите на две деца во Кавадарци

Приведена жителка на Марена поради насилно одземање на златни обетки од ушите на две деца во Кавадарци. Информацијата за МИА денеска ја потврдија од МВР.

-Вчера во 15.20 часот во Полициска станица Кавадарци, кавадарчанецот С. С (24) пријавил, дека, додека неговите две деца си играле во дворот од куќата, од страна на А. Ш од село Марена, насилно им биле одземени златни обетки од ушите, по што таа го напуштила местото на настанот. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода, појаснија од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител од Кавадарци. Од МВР рекоа дека по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.