-->
-->
Приведен скопјанец поради кражба на мотор
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. (26) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „Одземање моторно возило“ (мотоцикл).
Министерството за внатрешни работи инфорира дека С.А. кривичното дело го извршил на 12-ти април на улица „11 Октомври“ во Градски трговски центар. Откако се уверил дека нема да биде забележан од никого, со употреба на сила и погоден предмет ја исекол и скинал сајлата од задното тркало на паркираниот мотор, по што се упатил во непознат правец.
По преземени мерки и активности на 10-ти јуни лицето е лишено од слобода и во извршен разговор со него во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите