-->
-->
Примера: Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Лас Палмас
-->
Иако важеа за апсолутни фаворити, фудбалерите на Реал Мадрид со многу мака, но и среќа успеаја да забележат победа од 2:1 синоќа на гостување кај Лас Палмас во претпоследниот натпревар од 29.коло во Примера.
Гостите од Мадрид до трите бода стигнаа во завршните минути од средбата. Реал поведе со голот на Серхио Рамос со 24.минута, а во финишот од средбата беа постигнати два гола. Најпрво Лас Палмас преку Вилиан Хосе (87.минута) стигна до израмнување, но радоста на домашната публика траеше само две минути бидејќи во 89.минута Карлос Каземиро обезбеди победа за фаворитот.
На другите натпревари кои беа одиграни вчера, Севиља со 4:2 го победи Виљареал, Леванте минимално со 1:0 славеше над Валенсија, а Атлетик Билбао против Бетис со 3:1.
Одиграно претходно: Малага – Спортинг Хихон 1:0, Барселона – Хетафе 6:0, Селта Виго – Сосиедад 1:0, Атлетико Мадрид – Депортиво Ла Коруња 3:0 и Рајо Ваљекано – Еибар 1:1.
Колото ќе биде комплетирано вечер со натпреварот Гранада – Еспањол.
Табела: Барселона 75 бодови, Атлетико Мадрид 67, Реал Мадрид 63, Виљареал 53, Севиља 48, Селта Виго 45, Атлетик Билбао 47,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи