-->
-->
Претседателот на СБ единствениот кандидат за следниот мандат
-->
Светската банка објави дека сегашниот нејзин претседател Џим Јонг Ким е единствениот номиниран за следниот мандат.
Приемот на номинациите веќе завршил, соопшти Извршниот совет на институцијата, во која членуваат 189 држави.
Ким ќе биде интервјуиран од Советот, а се очекува одлуката да биде донесена пред годишната средба на Светската банка, планирана за 7 до 9 октомври.
Имено на Ким беше посочено минатиот месец од администрацијата на Барак Обама и се очекува тој да освои нов мандат на чело на СБ.
Светската банка е раководена од Американец од нејзиното создавање по Втората светска војна. Ким на оваа функција е од 2012 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти