Претседателот Иванов ја продолжува официјална посета на Хрватска
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја продолжува официјална посета на Република Хрватска.
Според агендата, Иванов ќе ја посети Општината Ѓаково, каде ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.
Иванов ќе присуствува на културно-уметничката програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска, по што ќе положи венец на гробот на Јосип Јурај Штросмаер, кој е еден од првите свештеници во Католичката црква кои го ревитализираа делото на солунските браќа Кирил и Методиј.
Претседателот Иванов вчера во Загреб оствари средби со претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и со претседателот хрватскиот Сабор, Јосип Леко.
Ова е трета официјална посета на претседателот Иванов на Хрватска, претходните беа во 2009 и 2011 година.
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
-
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-
Силен земјотрес регистриран на Тонга
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија