-->
-->
Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција
-->
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршиле претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43), при што се пронајдени и одземени еден пиштол „Роси“ калибар 22 милиметри, пет куршуми 22 милиметри, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 милиметри, еден сигнален пиштол и една рамка за пиштол „црвена застава“ М-57, за кои не поседувал дозвола.
Од МВР информираа дека по документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по чл.396 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер